АлеграАлеграАлеграАлегра
  • Почетна
  • За Нас
  • Хата Јога
    • Историја на Јога
    • Тело
    • Асани
    • Пранајама
    • Јога Нидра
    • Концентрација и Медитација
  • Настани
  • Искуства
  • Контакт

Искуства

Татјана после неколку годишна пауза повторно почна да ја практикува јога. Почувствува зголемување на еластичноста на целото тело и опуштање на мускулатура во вратот, грбот и половината. Во асаните максимално се опушта и после часовите се чувствува како ревитализирана.

Вежбите ги практикува секојдневно во домашни услови. Со нетрпение го очекува секој јога час, бидејќи јога вежбите ја исполнуваат со позитивна енергија и чувство на смиреност.

Татјана
Јога практикант во Алегра
tatjana

Лука редовно практикува други видови на тренинг кои акцентот го ставаат на снагата, но и недостасува истегнување на телото, заради што започна да практикува јога.

Смета дека јогата е пракса која и овозможува да го слуша своето тело, односно да биде присутна во своето тело. Воедно и помага да се ослободи од стресот и пронајде мир во своето тело и ум. Посебно го сака делот од часот посветен на јога нидрата или јогиска релаксација.

Лука
Јога практикант во Алегра
luka

Маја почна да практикува јога со јаки болки во ‘рбетот, посебно после будење, вели дека и требало доста време додека се исправи и додека го раздвижи телото. Со практикување на јога во Алегра, во моментот Маја нема никаква болка во ‘рбетот. 

Објаснувањето е дека ако не го раздвижите ‘рбетниот столб ризикувате мускулите да ви се згрчат и да добиете болки, затоа треба да го ослушкувате своето тело, тоа секогаш ви кажува што му е потребно. 

Важно е да се зајакнат мускулите и да се подобри координацијата. 

‘Рбетниот столб е флексибилен, тој ни дава стабилност и мобилност, единствено што не му одговара е пасивноста.

Болките во ‘рбетниот столб предупредуваат на нерамнотежа во телото и потреба да се зајакне мускулатурата и меѓупршленската ‘рскавица да се врати на место.

Во 90 проценти од случаите болките во зглобовите на пршлените ги предизвикуваат нееластични и скратени лигаменти и слаби мускули, со помош на јогата се зајакнува грбната мускулатура и спречува болката, а ако сакате да ја одржите во форма ‘рскавицата меѓу пршлените користете вежби за истргнување и свиткување, преку кои пршлените се снабдуваат со течност и хранливи материи.

Маја
Јога практикант во Алегра
maja
Златана едвај чекаше да го сподели нејзиното искуство поврзано со практикувањето јога во Алегра. Вели дека јогата за кратко време и помогнала за регулирање на метаболизамот. Имала скршеница на раката, а со помош на јогата полесно и се вратила функцијата на раката.

Како резултат на постојано седење на столица во канцеларија имала болки во вратот и рамењата кои бргу исчезнале. Дишењата кои ги учиме на часовите во Алегра, редовно ги практикува и дома и смета дека истите позитивно влијаат на работата на срцето и ги нема повеќе тахикардиите кои претходно ги имала. Смирена и со позитивна енергија, ја опишуваат сите од нејзината околина.

Златана
Јога практикант во Алегра
zlatana

Александра почна да практикува јога да види дали ќе се пронајде во вежбите. По кратко време се пронајде во асаните и се увери во подигнувањето на свесноста за телото преку јогата.

Ги почувствува позитвните ефекти од јогата како правилното дишење, смиреност на телото и умот, намален стрес а и го освести правилното држење на телото во текот на целиот ден.

Покрај сите спортови кои ги практикува, јогата и нуди комлетно решение за здраво тело, здрав дух и здрав ум.

Омилена и јога нидрата, поради која што и почна да вежба јога.

Александра
Јога практикант во Алегра
aleksandra

Костанца имаше ригидност на зглобовите и колковите, болки во препоните, вкочанетост во колената и не можеше воопшто да ги свитка колената, да ги рашири нозете и да клекне. 

Со практикување на јога во Алегра, сега нема никакви болки, се чувствува еластична и раздвижена и може лесно да ги витка колената и да клекне. Вели дека јогата и го олеснила животот.

Костанца
Јога практикант во Алегра
kostanca
Поттикната од проблемите кои ги имала како последица на состојбите артритис, спондилоза и лумбаго, Силвана започна да практикува јога во утринската група на Алегра пред 10 месеци. Вели дека првите часови воопшто не можела да се свитка, а сега се чувствува одлично и дека проблемите кои ги имала како резултат на нејзините болести се значително намалени.
Силвана
Јога практикант во Алегра
silvana

За Алегра

Алегра е јога студио во Стар Аеродром, во кое можете да ги почувствувате сите благодети од јогата, во секој дел од телото, орган и секоја ќелија на вашето тело.

Телефон: 078-538-348

Емаил: info@alegra.mk

Инстаграм

[elfsight_instagram_feed id=”2″]

Најнови настани

  • Семинар јога по чакри на Копаоник

    11октомври 2018 11.10.2018 до 14.10.2018 Локација Хотелско апартмански комплекс “Краљеви Чардаци Спа”

    7 June, 2018
  • Семинар јога по чакри на Копаоник

    24 мај 2018 24 мај до 27 мај 2018 Локација Хотелско апартмански

    13 February, 2018
  • Летен активен јога одмор на море

    3 јуни 2018 03 јуни до 10 јуни 2018 Локација Хотелот „KOVIOU

    13 February, 2018
© Сите права задржани. Алегра, 2018 | Дизајн: Тивиус Продукција
  • Почетна
  • За Нас
  • Хата Јога
    • Историја на Јога
    • Тело
    • Асани
    • Пранајама
    • Јога Нидра
    • Концентрација и медитација
  • Настани
  • Искуства
  • Контакт
Алегра