АлеграАлеграАлеграАлегра
  • Почетна
  • За Нас
  • Хата Јога
    • Историја на Јога
    • Тело
    • Асани
    • Пранајама
    • Јога Нидра
    • Концентрација и Медитација
  • Настани
  • Искуства
  • Контакт
NextPrevious

Асани

22/12/2017
0

Многумина сметаат дека асаните се еден вид гимнастички вежби или техники за изградба на телото (Body building). Тоа е погрешно мислење затоа што асаните не се наменети ниту за акробатски движења, ниту за развивање на огромни мускули.

Јога значи искуство на еднство со своето внатрешно битие. Ова единство доаѓа после совладување на двојноста на умот и материјата. Асана значи состојба на битието во која можете да останете долго време, мирно, стабилно и удобно и физички и ментално.

Хата јогата упатува на правилно изведување на положбите – асаните, ускладено дишење, издржливост и еластичност. Во секоја асана практикантот се задржува одреден број вдишувања и издишувања, а измеѓу одделени асани постои и краток одмор во положба за опуштање. Секој практикант, јогата ја практикува во границите на своите можности и асаните се прилагодуваат на секој практикант поединечно, почитувајќи ги неговите моментални можности и потреби.

Во Патанџалиевите Јога сутри постои дефиниција за асаните, според која тие се “стабилна и удобна положба”.

Со помош на асаните можат да се елиминираат или ублажат различни заболувања, така да некои ја практикуваат јогата од здравствени причини, а некои со цел одржување на здравјето. Со благо истегнување на мускулите, масажа на внатрешните органи, тонирање на нервите и хармонизација на многу важни жлезди со внатрешно лачење, здравјето на јога практикантот може значајно да се подобри.

Хата јогата е идеална за почетници, постари лица и бремени жени затоа што овозможува практикантите да направат одмор после асаните.

За напредните практиканти предвидени се сложени варијации на основните асани, како и продолжено време на задржување на телото во одредена асана, што овозможува поголема издржливост и самодисциплина на вежбачот, а здравствените ефекти од поединечните асани стануваат поинтензивни.

Исто како што и други спортови можат да бидат штетни ако не се внимава на правилата, така и вежбањето со полн стомак, неправилно практикување со неправилна процена на своите моментални можности, штетното дејство на Хата јогата може да биде големо. Но, ако правило се изведуваат, тогаш нивното дејство е благотворно. Значи можеме да кажеме дека асаните го одржуваат физичкото тело и здравјето во најдобра форма.

Асаните можеме да ги поделиме на флексии, екстензии, торзии и инверзии.

Флексија претставува свиткување на телото нанапред. Флексиите делуваат смирувачки на нервниот систем и го активираат парасимпатикусот, ја подобруваат циркулацијата посебно во карличната зона, развиваат понизност и интравертност. Асани за флексија на кичмата се Uttanasana, Paschimottanasana, Upavistha Konasana, Janu Shirsasana.

 

Екстензии или свиткувања на телото назад ни помагаат да го отвориме срцето, бидејќи тоа е заштитено, под ребрата, со помош на одредени јога асани, “го отвараме”. Често знаат да предизвикаат јаки емоции. Ги истегнуваат мускулите во предниот дел на торзото, рамењата, карличниот дел и нозете. При екстензиите важно е да се обрне внимание на

пропорционално свиткување на кичмениот столб. Многу проблеми во грбот се јавуваат заради така наречена асиметрија, односно нерамномерно развиени мускули, по должината на кичмениот столб, каде екстензиите можат многу да помогнат.

Кај поголем број на луѓе мускулите во лумбалниот, долниот дел на кичмениот столб се слаби, што предизвикува разни вклештувања на нерви во тој дел на кичмата. Од јога асаните, екстензии се Arda Shalambasana, Shalambasana, Bhujangasana, Danurasana, Matsjasana, Ushtrasana.

 

Усукувањата или торзиите ги снабдуваат со крв на меѓупршленските дискови на качмата, кои не се снабдуват дирекно со крв, туку зависат од секојневните движења. Со помош на торзиите, преку крвта што стигнува до нив, меѓупршленските дискови се снабдуваат со хранливи материи и се ослободуваат од насобраните отпадни материи. Торзиите ги масираат внатрешните органи, го потпомагаат варењето и ги зајакнуваат мускулите на грбот и стомачните мускули. Асани кои предизвикуваат торзија се Arda Matsjendrasana, Supta Padangusthasana, Parivrta Trikonasana.

 

Обратни положби или Инверзии како Vaparita Karni, Sarvangasana, Shirshasana, помагаат преку совладување на силите на земјината тежа да се сврти текот на стареење, подобри здравјето и продолжи животот и да се енергизира цело тело – преку спуштање на крвта и лимфата кои се наталожиле во долните делови на телото во главата и ќе го енергизираат целото тело.

Презнењето на лимфните садови со помош на инверзиите, ги одржува во добра кондиција и се стимулира работата на ендокриниот систем.

Category:
Hata Joga

Related Projects:

Историја на Јога

View more

Историја на Јога

Историја на Јога

Историја на Јога
2017-12-24

Тело

View more

Тело

Тело

Тело
2017-12-23

Асани

View more

Асани

Асани

Асани
2017-12-22

Пранајама

View more

Пранајама

Пранајама

Пранајама
2017-12-21

Јога Нидра

View more

Јога Нидра

Јога Нидра

Јога Нидра
2017-12-20

Медитација

View more

Медитација

Медитација

Медитација
2017-12-19

Времето во кое живееме

View more

Времето во кое живееме

Времето во кое живееме

Времето во кое живееме
2017-12-18

Контакт

View more

Контакт

Контакт

Контакт
2017-12-17

За Алегра

Алегра е јога студио во Стар Аеродром, во кое можете да ги почувствувате сите благодети од јогата, во секој дел од телото, орган и секоја ќелија на вашето тело.

Телефон: 078-538-348

Емаил: info@alegra.mk

Инстаграм

[elfsight_instagram_feed id=”2″]

Најнови настани

  • Семинар јога по чакри на Копаоник

    11октомври 2018 11.10.2018 до 14.10.2018 Локација Хотелско апартмански комплекс “Краљеви Чардаци Спа”

    7 June, 2018
  • Семинар јога по чакри на Копаоник

    24 мај 2018 24 мај до 27 мај 2018 Локација Хотелско апартмански

    13 February, 2018
  • Летен активен јога одмор на море

    3 јуни 2018 03 јуни до 10 јуни 2018 Локација Хотелот „KOVIOU

    13 February, 2018
© Сите права задржани. Алегра, 2018 | Дизајн: Тивиус Продукција
  • Почетна
  • За Нас
  • Хата Јога
    • Историја на Јога
    • Тело
    • Асани
    • Пранајама
    • Јога Нидра
    • Концентрација и медитација
  • Настани
  • Искуства
  • Контакт
Алегра