АлеграАлеграАлеграАлегра
  • Почетна
  • За Нас
  • Хата Јога
    • Историја на Јога
    • Тело
    • Асани
    • Пранајама
    • Јога Нидра
    • Концентрација и Медитација
  • Настани
  • Искуства
  • Контакт
NextPrevious

Тело

23/12/2017
0

Енергетски канали или Нади

Во човековото тело има 72.000 енергетски канали, наречени, нади, познати како психички канали низ кои тече чивотната енергија, праната. Се протегаат како мрежа низ целото тело и ги снабдуваат со енергија сите органи и жлезди. Спрема учењето на јогата има 10 важни енергетски канали од кои три се од примарна важност, сушумна, ида и пингала.

Сушумна нади е главниот енергетски канал, се протега од долната муладара чакра и низ кичмениот столб нагоре се до горната сахасрара чакра.

Ида нади или месечевиот енергетскиот канал е поврзан со левата ноздра или десната страна на мозокот. Поврзан е со парасимпатичкиот нервен систем, интровертен или пасивен нади, управува со емоциите и го претставува женскиот принцип. Активен е навечер. Ако Ида каналот домирира подолго време особата станува претерано емотивна и подлежна на туѓи влијанија.

Пингала нади или сончевиот канал, поврзан со десната ноздра, односно левата страна на мозокот. Поврзан е со симпатичкиот нервен систем, силата, вољата, темпераментот и интелектот. Го претставува машкиот принцип. Управува со физичките енергии, ги контролира виталните процеси, ако е подолго време активен води кон агресија, погрешни одлуки и најчесто со пробеми со срцето.

Техниките на пранајама влијаат на подобрување на состојбата на енергетските канали, на пр. Наизменичното носно дишење ги балансира Ида и Пингала надите, доколку сте уморми, дишењето низ десната ноздра ќе го подигне нивото на енергија во Пингала нади и ќе го активира. Ако сте нервозни, дишењето низ левата ноздра ќе го активира Ида нади и ќе ве смири.

Освен пранајамите, преку асаните телото се загрева, со што се подобрува протокот на праната низ надите, истите се загреваат и се прочистуваат.

Чакри

 

Чакри претставуваат енергетски центри низ кои тече енергијата во нашето тело и кои не држат во баланс. Вкупно се седум и се наоѓаат по должината на ‘рбетот. Предната страна на чактите е поврзана со чувствата, а задната со вољата. Тие примаат и ослободуваат животна енергија, прана и на тој начин го поврзуваат нашето тело, со универзалната енергија. Блокираната енергија во чакрите прави манифестации, кои често пати водат кон болест, која можеме да ја спречиме ако подетално ја запознаеме и разбереме нивната важност и функции, како би промениле одредени нивни енергии и воспоставиле баланс во секојдневниот живот.

Секоја чакра е поврзана со одреден дел од телото или одреден орган, кој таа чакра го снабдува со енергија. Отвореноста односно протокот на енергија низ нашите чакри, ја одредува нашата здравствена состојба.

Овие седум енергетски центри се седишта на ендокрините жлезди и се поврзуваат со главните нервни ланци. Јога вежбите или асаните имаат влијание на една или повеќе ендокрини жлезди, така на пр. сарвангасана или ставот свеќа, врши притисок на штитната жлезда, која е непосредно поврзана со вишудхи чакрата и со нејзина масажа се подобрува нејзината функција, буџангасана или кобра го стимулира првилниот тек на енергија низ првата, муладхара чакра, а ставовите тријаголник и чамец ја потпомагаат работата на манипура чакрата, на соларниот плексус. Ефектот е многу појак доколку се насочи концентрацијата во тој предел. Со насочување на концентрацијата на одредени чакри во текот на вежбањето, се стимулира слободен проток на енергија во нив.

Седумте енергетски центри или чакри се:

  1. Муладхара
  2. Свадхиштана
  3. Манипура
  4. Анахата
  5. Вишудхи
  6. Аџна
  7. Сахасрара

 

Разликуваме пет видови на прана во човековото тело:

  • Апана, која се наоѓа под папокот и обезбедува енергија во гениталиите, бубрезите и дебелото црево. Нејзината функција е исфрлање на праната преку ректумот.
  • Самана, сместена во делот меѓу срцето и папокот и одговорна е за желудникот, панктеасот, тенкото црево и црниот дроб и правилна асимилација на хранливите материи.
  • Прана, сила со помош на која се вовлекува здивот, делот меѓу душникот и дијафрагмата, поврзана со говорот, респиратирните органи и мускулите кои нив ги активираат.
  • Удана, се наоѓа над душникот и со нејзина помош се активираат сите сензорни рецептори, очи, уши, нос, без неа не можеме да имаме свесност и да мислиме.
  • Вјана се провлекува и го исполнува целото тело, ги доведува во рамнотежа другите животни енергии и ги контролира сите движења во телото. Одговорна е за исправена положба на телото и ги активира екстремитетите и мускулите, лигаментите и нервите во телото.
Category:
Hata Joga

Related Projects:

Историја на Јога

View more

Историја на Јога

Историја на Јога

Историја на Јога
2017-12-24

Тело

View more

Тело

Тело

Тело
2017-12-23

Асани

View more

Асани

Асани

Асани
2017-12-22

Пранајама

View more

Пранајама

Пранајама

Пранајама
2017-12-21

Јога Нидра

View more

Јога Нидра

Јога Нидра

Јога Нидра
2017-12-20

Медитација

View more

Медитација

Медитација

Медитација
2017-12-19

Времето во кое живееме

View more

Времето во кое живееме

Времето во кое живееме

Времето во кое живееме
2017-12-18

Контакт

View more

Контакт

Контакт

Контакт
2017-12-17

За Алегра

Алегра е јога студио во Стар Аеродром, во кое можете да ги почувствувате сите благодети од јогата, во секој дел од телото, орган и секоја ќелија на вашето тело.

Телефон: 078-538-348

Емаил: info@alegra.mk

Инстаграм

[elfsight_instagram_feed id=”2″]

Најнови настани

  • Семинар јога по чакри на Копаоник

    11октомври 2018 11.10.2018 до 14.10.2018 Локација Хотелско апартмански комплекс “Краљеви Чардаци Спа”

    7 June, 2018
  • Семинар јога по чакри на Копаоник

    24 мај 2018 24 мај до 27 мај 2018 Локација Хотелско апартмански

    13 February, 2018
  • Летен активен јога одмор на море

    3 јуни 2018 03 јуни до 10 јуни 2018 Локација Хотелот „KOVIOU

    13 February, 2018
© Сите права задржани. Алегра, 2018 | Дизајн: Тивиус Продукција
  • Почетна
  • За Нас
  • Хата Јога
    • Историја на Јога
    • Тело
    • Асани
    • Пранајама
    • Јога Нидра
    • Концентрација и медитација
  • Настани
  • Искуства
  • Контакт
Алегра