АлеграАлеграАлеграАлегра
  • Почетна
  • За Нас
  • Хата Јога
    • Историја на Јога
    • Тело
    • Асани
    • Пранајама
    • Јога Нидра
    • Концентрација и Медитација
  • Настани
  • Искуства
  • Контакт

Семинар јога по чакри на Копаоник

By alegra | Минати настани | Comments are Closed | 13 February, 2018 | 0

24 мај 2018

24 мај до 27 мај 2018

Локација

Хотелско апартмански комплекс “Краљеви Чардаци Спа” – Копаоник, Србија.

Опис на настанот:

СЕМИНАР ЈОГА ПО ЧАКРИ
Продолжен викенд, 4 неработни денови и 3 полупансиони 
од 24.05.2018 до 27.05.2018 год.

Почитувани, задоволство ми е да Ви го презентирам СЕМИНАРОТ ЈОГА ПО ЧАКРИ каде ќе ви биде објаснето како да го форкусирате своето практикување јога на чакрите и како да ги користите јога вежбите, асани, за пристап до вашата суптилна енергија, со помош на позите или јога ставовите, пранајамите (контрола на дишењето), визуелизација и медитација. 

Во текот на СЕМИНАРОТ ЈОГА ПО ЧАКРИ ќе ви ги претставиме основните принципи, својства, цели, елементи на секоја од седумте чакри, деловите на телото и јога вежбите поврзани со истите, како и кои емоции и состојби ги предизвикуваат ограничените и неурамнотеженичакри, а кои благодети ги добиваме од урамнотежените чакри.

Повеќе за ЧАКРИТЕ можете да прочитате на линкот
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=454737751553424&id=323390988021435

СЕМИНАРОТ ЈОГА ПО ЧАКРИ ќе трае четири дена и ќе се одржи во хотелско апартманскиот комплекс “Краљеви Чардаци Спа” на Копаоник.

Хотелско апартманскиот комплекс “Краљеви Чардаци Спа” се наоѓа на 1450 м. надморска височина. Од 2011 година, кога го посетија првите гости, овој комплекс постојано расте, се развива и на своите гости им нуди богати содржини.
“Краљеви Чардаци Спа” оправдано го носат слоганот “Уживање на висина”, а една од причините е што за гостите имаат маркирано две патеки, јасно обележани, кои нема да Ве остават рамнодушни. На патеките најдобро ќе ја запознаете флората и фауната и убавината на Викенд населбата и на самиот Копаоник.

Цената по лице е 180 евра, во денарска противредност за целиот пакет аранжман:
Во цената е вкчучено:
– 4 дневна програма Јога по чакри
– Превоз до наведената дестинација
– Сместување во двокреветни и трокреветни соби на база полупансион (појадок и вечера). На Ваше барање постои можност за сместување во еднокреветна соба.
– Неограничено користење на Спа центарот, затворен базен, отворен базен, џакузи на отворено, финска сауна, арома-парна (турска бања), амам, солена печка, kneipp базен, tepidarium клупи
– Еднодневна ЕКСКУРЗИЈА на просторот на националниот парк Копаоник.

Во цената не е вклучено:
– Патничко осигурување
– Туристичка такса

Цената е first minute со попуст, кој важи доколку резервирате место и уплатите 30% од износот, најдоцна до 23.02.2018 год
БРОЈОТ НА МЕСТА Е ОГРАНИЧЕН.
Износот од 30% се смета како депозит за резервација, кој се уплаќа на хотелот и во случај на Ваше евентуално откажување, за жал нема да бидеме во можност да Ви го вратиме. Но, резервацијата е пренослива на друга особа.

После промотивниот периот, односно после 23.02.2018 год. доколку останат слободни места, цената за пакет аранжманот е 210 евра, во денарска противредност.

Инфо за хотелот на: http://www.kraljevicardaci.com/

За повеќе информации можете да се јавите на 078-538-348 или во инбокс на Алегра.

Да “Уживаме на висина”, да поттикнеме слободен проток на животната енергија во нашите чакри и ендокрини жлезди и да постигнеме баланс во нашето тело.

Ве очекуваме.

Информирајте се за ЛЕТНИОТ АКТИВЕН ЈОГА ОДМОР НА МОРЕ
https://www.facebook.com/events/334018270420222/

No tags.

Најнови настани

  • Семинар јога по чакри на Копаоник
  • Семинар јога по чакри на Копаоник
  • Летен активен јога одмор на море
  • Семинар Јога по Чакри

Архива

  • June 2018
  • February 2018
  • July 2017

Категории

  • Идни настани
  • Минати настани

За Алегра

Алегра е јога студио во Стар Аеродром, во кое можете да ги почувствувате сите благодети од јогата, во секој дел од телото, орган и секоја ќелија на вашето тело.

Телефон: 078-538-348

Емаил: info@alegra.mk

Инстаграм

[elfsight_instagram_feed id=”2″]

Најнови настани

  • Семинар јога по чакри на Копаоник

    11октомври 2018 11.10.2018 до 14.10.2018 Локација Хотелско апартмански комплекс “Краљеви Чардаци Спа”

    7 June, 2018
  • Семинар јога по чакри на Копаоник

    24 мај 2018 24 мај до 27 мај 2018 Локација Хотелско апартмански

    13 February, 2018
  • Летен активен јога одмор на море

    3 јуни 2018 03 јуни до 10 јуни 2018 Локација Хотелот „KOVIOU

    13 February, 2018
© Сите права задржани. Алегра, 2018 | Дизајн: Тивиус Продукција
  • Почетна
  • За Нас
  • Хата Јога
    • Историја на Јога
    • Тело
    • Асани
    • Пранајама
    • Јога Нидра
    • Концентрација и медитација
  • Настани
  • Искуства
  • Контакт
Алегра