АлеграАлеграАлеграАлегра
  • Почетна
  • За Нас
  • Хата Јога
    • Историја на Јога
    • Тело
    • Асани
    • Пранајама
    • Јога Нидра
    • Концентрација и Медитација
  • Настани
  • Искуства
  • Контакт

Кои сме ние?

Алегра е јога студио во Стар Аеродром, во кое можете да ги почувствувате сите благодети од јогата, во секој дел од телото, орган и секоја ќелија на вашето тело.

Меѓу повеќето видови јога, во светот највеќе се практикува хата јогата. Таа се занимава со физичкото тело и енергии, вежби за прочистување на телото кои го смируваат умот и го дисциплинираат телото. Традиционалната Хата јога во Алегра јога студиото се изведува преку асани во кои се задржува подолго време, пранајама или техники на дишење, пратјахара или вештина на опуштање.

Техники на концентрација, контемплација и медитација се предвидени за понапредните практиканти.

Првиот, пробен час во Алегра е бесплатен како би им овозможиле на сите кои би сакале да ја пробаат оваа древна техника да дојдат на час. Доколку ви се допадне и се одлучите да продолжите со практикување јога, наша препорака е да бидете редовни на часовите и за кратко време ќе почнете да чувствувате промени во телото и умот. Добро е да се доаѓа кај истиот јога учител, кој ќе може да ве следи како напредувате и постепено да ве упатува на се што на вас ви е потребно.

Што велат нашите клиенти:

Александра почна да практикува јога да види дали ќе се пронајде во вежбите. По кратко време се пронајде во асаните и се увери во подигнувањето на свесноста за телото преку јогата.

Ги почувствува позитвните ефекти од јогата како правилното дишење, смиреност на телото и умот, намален стрес а и го освести правилното држење на телото во текот на целиот ден.

Покрај сите спортови кои ги практикува, јогата и нуди комлетно решение за здраво тело, здрав дух и здрав ум.

Омилена и јога нидрата, поради која што и почна да вежба јога.

Александра
Искуството на Александра
aleksandra
Златана едвај чекаше да го сподели нејзиното искуство поврзано со практикувањето јога во Алегра. Вели дека јогата за кратко време и помогнала за регулирање на метаболизамот. Имала скршеница на раката, а со помош на јогата полесно и се вратила функцијата на раката.

Како резултат на постојано седење на столица во канцеларија имала болки во вратот и рамењата кои бргу исчезнале. Дишењата кои ги учиме на часовите во Алегра, редовно ги практикува и дома и смета дека истите позитивно влијаат на работата на срцето и ги нема повеќе тахикардиите кои претходно ги имала. Смирена и со позитивна енергија, ја опишуваат сите од нејзината околина.

Златана
Искуството на Златана
zlatana
Прочитај ги сите искуства

Јас сум Дина, на 24 години прв пат се сретнав со јогата, имав прочитано малку текстови, отидов на еден час кај познатиот учител по јога Владимир Георгиев, во училиштето 29 Ноември во Карпош и тоа ми беше доволно да засакам таква активност за себе. Таа активност е со мене веќе 18 години, со помош на јогата поминав две патолошки бремености и многу различни состојби и ситуации, за кои истата беше од голема помош и значење.

Во меѓувреме станав инструктор по јога, а посебно би ја издвоила мојата соработка со Драган Лончар од Видија школа од Белград, прекрасна особа со огромно искуство во областа на јогата, особа од која добив квалитетна основа и знаење за оваа древна наука.

Моите часови во Алегра се различни и сеопфатни, ниеден час не е ист како претходниот. Секако дека и часовите зависат од моменталното расположение и состојба на сите практиканти, како и од енеријата тој ден.

Верувам во моќта на исцелување на јогата, бидејќи јас ја доживеав и искрено ја препорачувам на сите да ја пробаат јогата и да ги почувствуваат придобивките од истата.

Јогата ве води во сегашниот момент, единственото место каде што животот постои

[elfsight_instagram_feed id=”1″]

За Алегра

Алегра е јога студио во Стар Аеродром, во кое можете да ги почувствувате сите благодети од јогата, во секој дел од телото, орган и секоја ќелија на вашето тело.

Телефон: 078-538-348

Емаил: info@alegra.mk

Инстаграм

[elfsight_instagram_feed id=”2″]

Најнови настани

  • Семинар јога по чакри на Копаоник

    11октомври 2018 11.10.2018 до 14.10.2018 Локација Хотелско апартмански комплекс “Краљеви Чардаци Спа”

    7 June, 2018
  • Семинар јога по чакри на Копаоник

    24 мај 2018 24 мај до 27 мај 2018 Локација Хотелско апартмански

    13 February, 2018
  • Летен активен јога одмор на море

    3 јуни 2018 03 јуни до 10 јуни 2018 Локација Хотелот „KOVIOU

    13 February, 2018
© Сите права задржани. Алегра, 2018 | Дизајн: Тивиус Продукција
  • Почетна
  • За Нас
  • Хата Јога
    • Историја на Јога
    • Тело
    • Асани
    • Пранајама
    • Јога Нидра
    • Концентрација и медитација
  • Настани
  • Искуства
  • Контакт
Алегра